Дома Фудбал Останато Наполи го пушта Сари со специфичен услов

Наполи го пушта Сари со специфичен услов

Антонио Конте се уште е тренер на Челзи, но големи се шансите дека тоа нема да биде и следната сезона.

Медиумите шпекулираат дека Маруицио Сари би можел да го замени Конте. Големи се шансите дека тоа ќе се случи. Челзи се уште не му врачи отказ на Конте, а главната причина за тоа е што мораат да му платат надомест, но двете страни наскоро би можеле да дојдат до договор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Наполи е подготвен да го пушти тренерот во Челзи, но да биде обврзан да не ги допира нивните најдобри играчи. Се споменуваше дека Сари во Лондон би можел со себе да земе некој од најдобрите играчи на Наполи, пред се мислат на Кулибали, Зиелински и Хисај чии откупни клаузули не се големи и не би претставувале проблем за „Сините“.

Челзи најверојатно ќе се согласи на овој договор со Наполи и нема во своите редови да ги доведе најголемите ѕвезди на клубот од Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гуардиола ќе одлучи конечно за својата иднина во Манчестер Сити по финалето со Арсенал

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гуардиола, ќе донесе одлука за својата иднина по финалето…