Дома Фудбал Германија Напнато во Баерн: Родригез освен со Ковач има проблеми и со раководството?

Напнато во Баерн: Родригез освен со Ковач има проблеми и со раководството?

Баерн Минхен оваа сезона не е премногу убедлив.

Иако се очекуваше повторно да биде доминантен во првенство после 10 одиграни кола има 20 освоени бодови и се наоѓа на третото место со четири бода помалку во однос на Борусија Дортмунд која е лидер на табелата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Навивачите не се задоволни и неколку пати бараа промена на тренерското столче, но раководството на клубот и понатаму му искажува поддршка на Нико Ковач.

Медиумите во Германија пишуваат дека Ковач има големи проблеми со одржувањето на дисциплината во тимот. Грбот му го свртија неколку фудбалери, помеѓу кои е и Хамес Родригез кој јавно го критикуваше Ковач.

Освен со Ковач, изгледа дека Родригез не е во најдобри односи и со Хасан Салихамиџиќ.

Дека ситуацијата во Баерн не се смирува потврдува и информацијата на „Билд“. Според пишувањето на германскиот медиум. Родригез после натпреварот во Мајц каде што Баерн пред десетина дена славеше со 2:1, одбил да се ракува со Салихамиџиќ кој се налутил поради таквата реакција на Колумбиецот.

„Грешиш…“, наводно Салихамиџиќ кратко му порачал на Родригез.

Родригез после тешките сезони во Реал се надеваше дека во Баерн ќе го прикаже најдоброто, но сега и тука се соочува со проблеми и игра се помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…