Дома Трансфер зона Напаѓачот од шампионската сезона на Лестер си замина од Малага после само еден месец

Напаѓачот од шампионската сезона на Лестер си замина од Малага после само еден месец

Jaпонскиот фудбалер Шинџи Оказаки денес ја напушти Малага само еден месец откако потпиша договор.

Оказаки беше најзвучно засилување за Малага ова лето, но управата на клубот не го регистрираше во тимот.

Малага не соопшти детали, но шпанските медиуми пренесуваат дека 33 годишниот напаѓач бил прескап за овосезонскиот буџет на клубот.

Бројни навивачи на Малага се лути затоа што веќе купиле дресови со името на Оказаки.

Оказаки играше за Лестер во епската сезона кога овој тим сензационално стана шампион на Англија. Ова лето беше дел од репрезентацијата на Јапонија на Копа Америка во Бразил.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Спортскиот директор на Интер со порака до Барса: Го сакате Лаутаро? Ова е условот!

Од Интер потврдија дека Барселона ги контактирала за доведување на Лаутаро Мартинез. На Ба…