Дома Фудбал Играа четвртфинале во ЛШ, а сега отпушаат првотимци да не банкротираат

Играа четвртфинале во ЛШ, а сега отпушаат првотимци да не банкротираат

Коронавирусот направи проблеми во сите сектори, па така и во фудбалот голем број клубови се соочија со финансиска криза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден клубовите кои најмногу беа погодени е шпанска Малага која некогаш важеше за силна екипа во Ла Лига. Овој тим во сезоната 2012/13 играше и четвртфинале во Лигата на шампионите.

Денес ситуацијата во клубот е далеку полоша и тие мораа да ги отпушат сите првотимци за да не доживеат банкрот што би довело и до исфрлање од втората шпанска лига во која се натпреваруваат.

„Раководството на клубот започна постапка за раскинување на договорите со професионалните фудбалери, клубот беше пирморан на ваква постапка бидејќи мораше да се направи реконструкција на економијата со цел да опстоиме“, стои во соопштението од Малага.

Сега сите кои имаат професионални договори ќе станат слободни играчи и ќе мораат да пронајдат нова средина. Ќе потсетиме во Шпанија во тешка ситуација се најде и Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…