Дома Фудбал Италија Напаѓачот кој ќе гостува во Скопје ја има една од најчудните статистики оваа сезона

Напаѓачот кој ќе гостува во Скопје ја има една од најчудните статистики оваа сезона

0

Kриштоф Пјонтек изминатото лето од Краковија пристигна во Џенова за 4.5 милиони евра.

Полскиот напаѓач одлично се снајде во својата прва сезона во Серија А, а одличните настапи доведоа до тоа за после само шест месеци да ја напушти Џенова и да премине во Милан за 35 милиони евра.

И во Милан Пјонтек продолжи каде што застана во Џенова и сезоната ја заврши со вкупно 30 голови во Серија А.

Меѓутоа она што е интересно е што Пјонтек оваа сезона се уште не запишал ниту една асистенција, иако според „Трансфермаркт“ има две, но тие не можат да се наречат асистенции.

Во првата ситуација Пјонтек со глава шутираше кон голот и топката го погоди противничкиот играч што резултираше со автогол, а во вториот случај се избори за пенал

Не е тоа ништо лошо кога се знае дека постигнал 30 голови, а во последното коло против СПАЛ можеше да се запише во историјата. Ако се запишеше во листата на стрелција Пјонтек ќе станеше првиот играч кој постигнал двоцифрен број на голови за два различни клуба во иста сезона.

Ќе потсетиме, Пјонтек на 7-ми јуни ќе гостува во Скопје во натпреварот од квалификациите за Европското првенство со репрезентацијата на Полска.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го потпишува најскапиот спонзорски договор во Премиер лигата

Европскиот шампион Ливерпул наскоро ќе потпише рекорден спонзорски договор во Премиер лига…