Дома Трансфер зона Напаѓачот кој го доведе Јунајтед добил „корпа“ од Астон Вила 24 часа претходно

Напаѓачот кој го доведе Јунајтед добил „корпа“ од Астон Вила 24 часа претходно

Maнчестер Јунајтед во последниот ден од преоднот рок го доведе Одион Игало од Шангај Шенуоха.

Откако Игало потпиша за Јунајтед британските медиуми објавија дека прилика да го доведе 30 годишниот Нигериец имала и Астон Вила. Според информациите клубот од „Вила Парк“ 24 часа пред Игало да потпише за Јунајтед одбил да го доведе.

Таквата информација ја објави „Скај Спорт“.

Тренерот на Астон Вила, Ден Смит оваа зима беше во потрага по уште еден напаѓач за да го засили тимот поради повредата на Весли. Смит разгледувал опции и добил шанса да го доведе Игало, но ја одбил таа можност.

Тоа очигледно го искористил Јунајтед кој експресно реагираше и го доведе Игало. Во Јунајтед веруваат дека Игало може да помогне во отсуство на повредениот Рашфорд.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Островот: Челзи започна преговори со Донарума

Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага го загуби местото во првиот тим бидејќи мена…