Дома Трансфер зона Намерно или не соиграч од репрезентацијата го откри новиот клуб на Головин! (ФОТО)

Намерно или не соиграч од репрезентацијата го откри новиот клуб на Головин! (ФОТО)

Александар Головин беше играч кој уште пред Мундијалот привлекуваше големо внимание, а со настапите на Светското првенство само дополнително си ја зголеми својата цена.

22 годишниот фудбалер на ЦСКА најпрво беше пред трансфер во Јувентус, но откако во Торино пристигна Кристиано Роналдо „старата дама“ се откажа од трансферот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега овој фудбалер е пред трансфер во Чели, а дека работата е пред самиот крај потврди и објавата на рускиот репрезентативец, Сергеј Чепчугов кој на Головин му посака среќа во – Челзи!

„Кога пристигна во ЦСКА ти кажав дека мораш напорно да работиш. Две години подоцна си пред трансфер во европски гигант. Ти посакувам среќа во Челзи. Уживај“, напиша Чепчугов на својот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…