Oткако не доби повик од селекторот Роберто Мартинез за Светското првенство во Русија, Раџа Наинголан се одлучи да ја заврши репрезентативната кариера.
И беше за очекување фудбалерот на Рома да се одлучи за таков потег кога сфати дека Мартинез не го сака својот тим со оглед на тоа дека неодамна тој ја продолжи соработката со сојузот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа на друштвените мрежи по објавувањето на списокот соопшти дека дојде крајот на неговата репрезентативна кариера.
„Со тага и болка во срцето одлучив да ја завршам репрезентативната кариера. Секогаш правев за да ја претставувам нашата земја, но за жал не е секогаш до мене. Од денес сум само навивач на Белгија“, порача Наинголан.
Мартинез својата одлука за изоставување на Наинголан ја објасни дека тоа било дел од неговите тактички замисли.