Јувентус синоќа ја совлада Рома на домашен терен, Мехди Бенати и пресуди на „Волчицата“, беше 1:0 за актуелниот шампион.
Рома сега е седум бодови зад водечкиот Наполи, а шест зад второпласираниот тим од Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По мечот, играчот за врска на Римјаните, Раџа Наинголан призна пред медиумите дека во тунелот доживеал непријатно искуство.
Имено, тој по завршувањето на средбата му пришол на помошник тренерот на Јувентус за да се поздрави. Тие двајца добро се познаваат, со оглед на тоа дека заедно соработуваа во Каљари.
Сепак, Ландучи изгледа не го симпатизира борбениот играч за врска на „Волчицата“, можеби и поради тоа што Наинголан неколкупати досега изјавуваше дека никогаш не би ја засилил „Старата дама“.
„Сакав да му пружам така на Ландучи, бидејќи соработувавме во Каљаи, бидејќи навистина ми значат сите луѓе кои ми помогнаа да напредувам во кариерата. Тој ми кажа да одам по ѓаволите. Јас разбирам, постоеше голема тензија по последниот свиреж на судијата, но јас само сакав да се ракувам со него, изгледа тоа не беше најпаметно“, истакна Наинголан.