Дома Фудбал Италија Наинголан како Заморано: Ако потпише за Интер неговиот дрес ќе биде меѓу најпопуларните (фото)

Наинголан како Заморано: Ако потпише за Интер неговиот дрес ќе биде меѓу најпопуларните (фото)

Секако, трансферот се уште не е завршен, но Белгиецот ги договори своите услови.

Постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на ситуацијата во која Иван Заморано поради неможноста да ја земе својата „деветка“ во Интер која ја носеше Роналдо избра на дресот да носи 1+8.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сега во тимот на „нероаѕурите“ повторно би можеле да видиме слична ситуација.

Интер и Рома преговараат околу Раџа Наинголан, Белгиецот би сакал да се придружи на тимот на Спалети иако има богати понуди од Кина, но и од Наполи.

Раџа сака во Интер, Рома бара околу 40 милиони евра, Интер се обидува да пронајде формула поради ФФП, но изгледа дека договорот е на повидок.

Наинголан во Интер наводно го барал дресот со број 4, но тој е повлечен бидејќи го носеше легендарниот капитен, Хавиер Занети.

Поради тоа ако Наинголан потпише за Интер ќе оди по примерот на Замаорано и на својот грб ќе носи 2+2.

Нема сомневање дека овој дрес би бил навистина популарен, но да почекаме прво Интер и Рома да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Објавен составот на Реал Мадрид за новата сезона со Алонсо на клупата (Фото)

Во последниве недели се шират шпекулации дека Чаби Алонсо ќе стане новиот тренер на Реал М…