Дома Фудбал Италија Наинголан ги „купи“ фановите: Не би ја напуштил Рома ниту за еден тон пари

Наинголан ги „купи“ фановите: Не би ја напуштил Рома ниту за еден тон пари

Раџа Наинголан е еден од поинтересните фудбалери во светот на фудбалот и секогаш го привлекува вниманието на медиумите со своите изјави.

Белгиецот откри дека добил големи понуди од Кина оваа зима.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Многу сум среќен во Рома и немам причини да ја напуштам. Имам се што ми е потребно, а во тие ситуации ниту еден тон пари не би ме натерале да го променам мислењето“, зборуваше Наинголан.

Потоа тој ја објасни својата поврзаност со „волчицата“.

„Би можел да потпишам доживотен договор со Рома. Кажав веќе дека за мене не постојат многу други клубови. Освен, секако ако еден ден клубот одлучи дека повеќе не сум потребен. Среќен сум тука, а за мене тоа е најважно“, изјави Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рамос се посрамоти со паненка, па неговиот тим прими шест гола (Видео)

Монтереј доживеа вистински дебакл во 10-то коло на мексиканското првенство. На гостувањето…