Рафаел Надал е првиот полуфиналист на Ролан Гарос, откако неговиот противник во четвртфиналето, Пабло Карењо-Буста, по 52 минути игра му го предаде мечот.
Двоткратниот освојувач на Ролан Гарос, првиот сет, во кој имаше дури седум брејкови, го доби со 6:2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во паузата помеѓу првиот и вториот сет Карењо-Буста побара медицинска помош, потоа го продолжи мечот, но при резултат 2:0 за Надал реши да се повлече.
Надал во полуфиналето ќе игра против Австриецот Доминик Тим кој го декласира бранителот на титулата на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ, и избори пласман во полуфиналето на вториот гренд слем во сезоната.
Тим, кој е седми на АТП листата, за два часа и 16 минути го „прегази“ Ѓоковиќ, кој на младиот австриски тенисер успеа да му пружи отпор само во првиот сет.
Инаку, Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на Ролан Гарос го загуби и второто место на АТП листата.
Првиот и третиот носител на Ролан Гарос, Енди Мари и Стан Вавринка изборија пласман и меѓусебен дуел во полуфиналето на вториот гренд слем во сезоната.
Швајцарецот Вавринка лесно се справи со Марин Чилиќ и славеше во три сета. Првите два сета Вавринка ги доби со 6:3, а во третиот беше уште пубедлив 6:1.
Мари играше против Кеи Нишикори, го загуби првиот сет 2:6, потоа возврати со 6:1, во третиот се играше тајбрејк кој Мари го доби без загубен поен, а потоа ја ззаврши работата во четвртиот сет со 6:1.
Полуфиналето на Ролан Гарос ќе биде 18-от меѓусебен дуел на Мари и Вавринка, а Британецот води со 10:7.