Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен игра одлично оваа сезона и го води својот тим кон Скудетото, но Лучијано Спалети не ќе може да смета на него за дербито со Милан.
Италијанските медиуми претходно пишуваа дека Осимен си ја загубил својата среќна маска, која стана препознатлива затоа што ја носеше на натпреварите во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осимен почна да ја носи маската по еден дуел со Шкрињар во 2021 година. Иако ја носеше за да го заштити лицето, сепак таа премина во негов заштитен знак.
И неверојатно само неколку часа по веста дека ја изгубил маската стигна потврда дека Осимен се повредил и поради тоа нема да може да игра против „росонерите“:
Случајно или не, маската очигледно носела среа за Нигериецот кој сезонава со 21 гол е прв стрелец во Серија А.