Во аргентинското Суперкласико Ривер на „Бонбоњера“ ја победи Бока со 2:0.
Дербито му припадна на Ривер кој навистина беше подобар од домаќинот, но како и што тоа често се случува кога се сретнуваа овие два ривали на трибините и надвор од стадионот има многу несакани сцени.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Така се појави снимка на која се гледа како навивачите на Ривер напаѓаат момче и девојка кои го носат дресот на Бока, а потоа еден од нив со силен удар жената ја фрла на под.
Снимката од уличната пресметка ја сними случаен минувач од својот автомобил.