Дома Фудбал Лига на шампиони Навивачи на Барселона и Лион имале жестока пресметка на улиците во Каталонија (ВИДЕО)

Навивачи на Барселона и Лион имале жестока пресметка на улиците во Каталонија (ВИДЕО)

На неколку часа пред пред почетокот на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Лион (21:00) се случи инцидент на улиците во Каталонија.

Како што пренесува радиото „Кадена СЕР“, петмина навивачи на Лион завршиле во болница откако биле нападнати од домашните навивачи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно напаѓачите имале обележја на каталонскиот клуб и Французите ги нападнале со солзавец и остри предмети. Засега нема информации во каква состојба се повредените.

Од Франција за овој натпревар пристигнаа околу 6.000 навивачи кои се во добри односи со фановите на Реал Мадрид поради тоа во текот на целиот ден шпанската полиицја беше повнимателна.

Сепак, бидејќи навивачите се низ целиот град дошло и до инцидент.

Ќе потсетиме првиот натпревар помеѓу овие две екипи заврши без голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вакво нешто не се памети: Доби два жолти картони и остана во игра

Фудбалската јавност остана изненадена по настаните на “Вембли”, каде фудбалеро…