Дома Фудбал Англија Навивачите на Јунајтед „удрија“ по Мата и Санчез (фото)

Навивачите на Јунајтед „удрија“ по Мата и Санчез (фото)

Навивачите на Манчестер Јунајтед на социјалните мрежи го искажаа својот гнев од поразот во дербито со Сити и тоа најмногу врз двајца фудбалери кои беа на клупата на почетокот на мечот.

Станува збор за Алексис Санчез и Хуан Мата кои беа фатени од камерите во доста добро расположение при крајот на првото полувреме. Тогаш нивниот тим имаше негатива од еден гол, а двајцата фудбалери се смееа на клупата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Медиумите на Островот се прашуваат дали сега Мурињо ќе преземе мерки за ваквото однесување. Во септември „Специјалниот“ го казни Погба поради еден клип кој о објави на социјалните мрежи во кој се смее додека неговиот тим губеше од Дерби Каунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…