Дома Фудбал Англија Навивачите на Јунајтед не можат да поверуваат колку загубени топки имаше Санчез

Навивачите на Јунајтед не можат да поверуваат колку загубени топки имаше Санчез

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа славеа на гостувањето против Кристал Палас (3:2) во натпреварот од 29. коло во Премиер лигата.

Црвените ѓаволи успеаа да направат голем пресврт во второто полувреме откако губеа со 2-0. Херојот на Јунајтед беше Немања Матиќ кој во последните моменти од натпреварот постигна фантастичен погодок за победа.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Навивачите на Јунајтед беа разочарани од играта на новото засилување Алексис Санчез. За Чилеанецот најмногу се зборуваше за време и после натпреварот, посебно за неверојатно лошата игра во првиот дел.

Сите беа во шок кога на полувреме ја видеа статистиката на Алексис. Имено, поранешниот играч на Арсенал во првото полувреме имаше дури 19 загубени топки.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Федерико Димарко е феномен за кој малку се зборува – вакви бројки нема никој во Италија!

Федерико Димарко се докажа не само како еден од најдобрите бекови, туку и како врвен фудба…