Дома Фудбал Лига на шампиони Навивачите на Реал се јасни: Оставка на Перез и Солари! (ВИДЕО)

Навивачите на Реал се јасни: Оставка на Перез и Солари! (ВИДЕО)

Вчера шпанскиот гигант и актуелен бранител на трофејот, Реал Мадрид доживеа вистински дебакл на свој терен каде што беше поразен од Ајакс со 1:4.

Сантијаго Солари и онака беше на удар на навивачите после двата порази од Барселона, а сега навивачите испратија јасна порака – бараат негова оставка!.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Реал вчера воопшто не изгледаше како некој тим кој го брани трофејот во најелитното европско натпреварување, фудбалерите на Ајакс „летаа“ по теренот и на крајот заслужено се пласираа во четвртфиналето.

Навивачите не се незадоволни само од Солари, тие бараат заминување на претседателот Флорентино Перез (многумина претходно го обвинуваа за заминувањето на Роналдо), но и на еден дел од играчите како што се Бејл, Крос, Бензема…

После сезоните во кои ја освојуваа Лигата на шампионите, Реал игра сезона за заборав. Елиминирани се од шпанскиот куп, елиминирани се од Лигатата на шампионите и во Ла Лига скоро и да немаат надежи за титулата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

ГРУПА НЕВЛАДИНИ организации побараa од аргентинската фудбалска репрезентација и Лионел Мес…