Дома Фудбал Англија Навивачите на Ливерпул лути на Ванијалдум поради реакцијата по голот на Алисон 🎥

Навивачите на Ливерпул лути на Ванијалдум поради реакцијата по голот на Алисон 🎥

Фудбалерите на Ливерпул во неделата ја победија ВБА на гости со 2:1, а одлучувачкиот гол го постигна голманот Алисон во последните моменти од натпреварот.

ВБА одлично го започна натпреварот иако веќе се простија од Премиер лигата, преку Робсон Кану поведоа со 1:0. За Ливерпул беше важно да победат во овој натпревар за да се одржат во борба за пласман во Лигата на шампионите.

Ливерпул во 33 минута успеа да изедначи на 1:1 преку Салах. Голот за 2:1 како што споменавме го постигна Алисон и тоа во 95. минута. Бразилскиот голман со глава по еден корнер ја смести топката во мрежата.

По тој гол следуваше еуфорија кај фудбалерите на Ливерпул, но не кај сите. На мета на критики од навивачите се најде Ванијалдум кој како да не беше толку среќен за голот на Алисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алиоски со емотивна порака се збогува од Лидс🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски денес преку видео порака се збогува со навивачи…