Челзи вчеравечер на својот „Стенфорд Бриџ“ беше елиминиран од ФА Купот од страна големиот ривал Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед славеше со 0:2, а домаќинот немаше адекватна реакција откако на полувремето заминаа со негатива од два гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите повеќе од се ги налути констатното одбивање на Сари да ја промени формацијата. Додека натпреварот беше во тек од трибините можеа да се случат скандирања како „Fu*ck SarriBall“.
„Mислам дека немавме среќа бидејќи во првото полувреме игравме подобро од противникот, а на крајот губевме со 0:2. Во второто полувреме беше тешко затоа што тие играа цврсто, се бранеа длабоко и компактно, па така на моменти игравме конфузен фудбал…Во првото полувреме бевме добри. Ни треба повеќе агресивност, повеќе одлучност во сопствениот казнет простор, но и во противничкиот – тука беше разликата“, изјави Сари па продолжи за скандирањето на трибините.
„Ме загрижува резултатот, не навивачите. Можам да ја разберам ситуацијата бидејќи резултатот не беше добар. Испаднавме од ФА Купот, можам да ги разберам…Ме загрижуваат резултатите…Се лесно може да тргне на подобро. Ако победиме на три-четири натпревари во низа работите веднаш би се промениле“, порача Сари.
Новинарите ги интересираше дали ги слушнал навредите и скандирањата од трибините и дали нешто слично му се случило во неговата досегашна кариера.
„Не слушнав баш најдобро, слушнав нешто…Не, претходно не ми се случило. За се постои прв пат“, истакна италијанскиот фудбал.
„Дали играчите го сфатија мојот фудбал? Не во целост, засега. Посебно тоа се забележи во второто полувреме кога моравме брзо да реагираме. Потребно е топката брзо да се движи“, заврши Сари.
https://www.youtube.com/watch?v=VL5k4JgcC_I