Дома Фудбал Англија Навивачите го избраа Анри за најдобар во историјата на Премиер лигата

Навивачите го избраа Анри за најдобар во историјата на Премиер лигата

Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри е прогласен за најдобар играч во историјата на англиската Премиер лига во анкета спроведена меѓу навивачите.

Betfair спроведе анкета со YouGov на повеќе од 1.000 фудбалски фанови пред 30-годишнината на натпреварувањето, а Анри победи пред Кристиано Роналдо.

Поранешниот капитен на Арсенал постигна 175 гола на 258 првенствени натпревари и ги предводеше „топџиите“ до две првенствени титули.

 На третото место е Англичанецот Алан Ширер, најдобриот стрелец во Премиер лигата на сите времиња, потоа следуваат Ерик Кантона и Стивен Џерард.

Резултати од анкетата:

1. Тиери Анри
2. Кристиано Роналдо
3. Алан Ширер
4. Ерик Кантона
5. Стивен Џерард
6. Денис Бергкамп
7. Мохамед Салах
8. Кевин Де Бруин
9. Рајан Гигс
10. Серхио Агуеро
11. Френк Лампард
12. Петер Шмајхел
13. Пол Сколс
14. Вејн Руни
15. Рој Кин
16. Дидие Дрогба
17. Патрик Виеира
18. Винсент Компани
19. Петр Чех
20. Рио Фердинанд

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел: Конте е одличен стратег, но не му верувам

Во недела се игра првото дерби во Премиер лигата, Челзи ќе го пречека Тотенхем. Ривалите о…