
Роналд Араухо е еден од најважните фудбалери на Барселона, а добрата вест е што сега веќе не важи неговата клаузула за откуп од 60 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кој сакаше да го ангажира уругвајскиот дефанзивец, пропушти идеална можност. Од 1-ви до 15-ти јули имаше „попуст“ во форма на клаузула од 60 милиони евра.
Меѓутоа, бидејќи никој не се јави и обезбеди трансфер до тој рок, таа е вратена на првичната сума. А таа изнесува значително повеќе – милијарда евра!
Јасно е дека никој нема да плати толкаво обесштетување, но што е најважно за Барселона е дека сега таа ја води играта. Имено, Араухо има важечки договор до 2031 година, па на Каталонците дефинитивно не им е итно евентуалната продажба.
Фото: Принтскрин