Дома Фудбал Модриќ конечно проговори: Легендарниот фудбалер откри зошто го одби Динамо Загреб

Модриќ конечно проговори: Легендарниот фудбалер откри зошто го одби Динамо Загреб

Лука Модриќ го одби Звонимир Бобан и се одлучи за Милан. Познатиот играч за врска конечно проговори за причините зошто направил таков избор и што всушност беше пресудно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ имаше понуда од Динамо да се врати во Хрватска, но ладно му се заблагодари на Бобан, што го шокираше новиот челник на загрепскиот клуб.

Хрватските медиуми неодамна пишуваа дека Бобан му пратил порака на Модриќ дека вратите на Динамо се отворени за него, но капитенот на Ватрени не покажа интерес за враќање.

По потпишувањето со Милан, освојувачот на Златната топка конечно проговори и ги наведе причините зошто ги избра Росонерите пред другите клубови, вклучувајќи го и Динамо.

„Сакав да останам во Европа за да продолжам да играм конкурентен фудбал. Имав и други понуди, но кога Милан ме повика, ми беше јасно. Сакав го тоа од прв момент.”

„Импресиониран бев и од фактот дека спортскиот директор Таре дојде во Хрватска за да ми го претстави проектот и целиот Милан.”

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите сканд…