Дома Фудбал Останато Вознемирувачко видео: ММА борец од Дагестан нападнат и погоден со пет куршуми

Вознемирувачко видео: ММА борец од Дагестан нападнат и погоден со пет куршуми

 

Тимур Хизриев (18-0), руски ММА борец со дагестанско потекло, беше тешко повреден во оружен напад кој се случи вчера пред неговата зграда во Махачкала, главниот град на Дагестан.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според руските медиуми, двајца маскирани напаѓачи го чекале пред влезот и веднаш откако излегол од автомобилот, отвориле оган врз него.

Како што пренесуваат РИА Новости, Хизриев добил повеќекратни прострелни рани и веднаш бил пренесен во болница. Беше опериран, а извори блиски до борецот за ТАСС изјавија дека примил најмалку пет куршуми, но ниту еден не предизвикал сериозни внатрешни повреди и сега е надвор од животна опасност.

Снимките од надзорната камера покажуваат дека Хизриев, иако погоден, успеал да совлада еден од напаѓачите по првиот испукан куршум.

Без пораз, 29-годишниот борец моментално се натпреварува во перо категоријата во рамките на ПФЛ. Минатата година во ноември ја освои титулата откако го победи Брендан Логнејн, што беше неговиот последен настап.

Во текот на својата кариера, Хизриев се борел и во промоции како Белатор и Игл ФЦ, а пред шест години беше победник на Гран-при во перо категоријата во организацијата Абсолут Чемпионшип Беркут (АСБ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И оваа година Скопје ќе ги собере најдобрите пинг-понг играчи во светот

Скопје се подготвува да ги пречека најдобрите светски пинг понг рекети, по втор пат во ист…