Дома Останати Тенис Виландер: Синер е 5-10 години пред сите останати тенисери

Виландер: Синер е 5-10 години пред сите останати тенисери

Јаник Синер не е само најдобриот тенисер во светот во овој момент, односно последната година, туку тој е и најперспективниот тенисер во светот. Тоа го тврди Матс Виландер, поранешен број 1, а сега коментатор на Eurosport, за „L’Equipe“.

– Неговиот тенис е пет до десет години пред другите – уверен е дека Италијанецот има голема предност над конкуренцијата и дека на неговите ривали ќе им треба многу време за да го достигнат во квалитетот на играта. – Така барем јас замислувам дека ќе се развива тенисот во наредниот период. Како што се случува во фудбалот со играта со прв допир. Мислам дека Јаник сега ќе биде пример за сите, сите ќе се обидуваат да го имитираат.

Швеѓанецот кој има освоено седум грен слемови, сè освен Вимблдон, го истакнува главното оружје на играта на Синер:

– Никогаш не сум видел никого кој игра толку агресивно како Јаник – истакнува Виландер.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Зверев дојде до полуфиналето на УС Опен, урна и рекорд на Борис Бекер

Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на САД Опен откако го совлада Ботик ван де …