Mакедонската репрезентација во натпреварите против Лихтенштајн и Германија ќе мора да биде без Енис Барди.
Барди се повреди на последниот натпревар со Романија и од тогаш не играше и за Леванте. Селекторот Благоја Милевски до последен момент се надеваше дека Барди ќе биде спремен за настап, сепак тоа не се случи. Јасно дека во оваа селекција Барди ќе фали, а тоа го потенцираше и Николов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, јавноста го очекува и настапот на Ердал Ракип за кого ова е прв репрезентативен собир со „А“ репрезентацијата.
„Му посакувам добредојде на Ердал Ракип. Долго време игра стандардно за Малме, игра и во Лигата на шампионите. Барди ќе фали многу, тој е еден од нашите најважни играчи, могу ќе недостасува, но ќе се обидеме тие што сме тука да го пополниме неговото место“, изјави Николов.
Со Лихтенштајн играме во петок на гости, додека три дена подоцна ја пречекуваме Германија.
Фото: ФФМ