Дома Фудбал Останато Муту: Роналдо сака да биде како Леброн

Муту: Роналдо сака да биде како Леброн

Леброн Џејмс си ја оствари желбата да заигра со својот 19-годишен син Брони и тоа во Лејкерс, а легендарниот Адријан Муту тврди дека таква желба има и Роналдо.

Кристијано Јуниор има 14 години и игра за младинскиот тим на Ал-Наср каде што член е Роналдо. За да може да заигра во професионалниот фудбал потребни се уште две години и тоа не изгледа така невозможно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналдо во Саудиска Арабија и на 39 години е еден од најдобрите во првенството, а беше и најдобар стрелец во годината. Исто така Роналдо сака да биде спремен и веќе најави дека има желба да игра за Португалија на Светското првенство во 2026 година.

„Сигурен сум дека тоа е најголемата мотивација на Роналдо, сака да заигра заедно со синот и нема да се откаже. Ако беше во Реал Мадрид или некој друг голем европски еклуб, тоа ќе беше тешко. Но во Ал Наср дефинитивно е возможно“, изјави Муту.

Кога Кристијано Јуниор ќе ги исполни условите да игра професионален фудбал, Роналдо ќе има 41 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…