Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу истакна дека репрезентацијата е максимално спремна за дуелот со Лихтенштајн.
Иако сме фаворити на хартија, Муслиу предупреди дека тоа треба да го покажеме на терен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Максимално се спремаме за натпреварот со Лихтенштајн.Знаеме колку ни е важен овој натпревар и се надевам дека се ќе биде на наша страна, односно знаеме дека може да победуваме. Во последно време често игравме против Лихтенштајн, добро ги знаеме и се покажавме многупати со нив“.
„Доколку одиграме како што ќе каже селекторот мислам дека нема да имаме проблеми, и ќе дојдеме до нова победа, но не треба да се опуштаме во никој случај. Секако дека сме фаворити на хартија, но тоа треба да го докажеме на теренот“, изјави Муслиу.