Барселона синоќа повторно триумфираше на „Сантиаго Бернабеу“ по втор пат во само три дена, а херој за Каталонците овој пат беше Иван Ракитиќ.
Хрватските репрезентативци Иван Ракитиќ одигра уште една одлична партија, која ја зачини со гол, а на крајот доби пофалби и од Жозе Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Специјалниот“ синоќа беше стручен коментатор на БеИН Спортс за пресметката на Реал Мадрид и Барселона а по крајот на мечот упати многу пофални зборови за Ракитиќ.
„Веќе подолго време сакам да го кажам ова. За мене Ракитиќ е еден од најпотценетите играчи на светот, фантастичен фудбалер на секое ниво. Дефанзивно е одличен на десната страна, каде компензира за Лионел Меси, многу трча и е фантастичен со топката во нозе. Обично зборуваме за големите играчи, а Ракитиќ е токму тоа“, изјави Мурињо.
Португалецот не можеше да издржи без да даде зајадлив коментар околу другите фудбалери кои се актуелни во медиумите многу почесто од Ракитиќ. Тој саркастично кажа дека Хрватот мора да биде поактивен на Инстаграм, бидејќи тоа е предуслов за светот да го прифати како одличен фудбалер.
„Треба да се подобри само на едно поле, на Инстаграм и социјалните мрежи, бидејќи во денешно време ова е многу важно доколку сака да биде рамо до рамо со најдобрите. Не е многу добар таму, но затоа на теренот е фантастичен“, истакна Мурињо, а според многумина ова беше протолкувано како провокација до Пол Погба.