Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е пред комплетирање на трансферот на играчот на Марсеј, Бубакар Камара.
22-годишниот Французин игра одлично во Марсеј, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а тој веќе одби да ја продолжи соработката.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска.
Интерес за него покажуваа многу европски клубови, но последните информации се дека Рома ја победила конкуренцијата.
Камара постигна договор со „волчицата“ и ќе стави потпис на преддоговор, а на лето како слободен агент ќе се пресели на „Олимпико“.