Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо смета дека трансферот на неговиот сонародник Ренато Санчез во Баерн Минхен бил грешка и дека било подобро 19-годишниот фудбалер да останел во Бенфика.
„Доцна дојдов. Потпишав договор во мај, а само една недела претходно разговарав со Санчез. Доколку пристигнев порано во Манчестер ќе се борев за него“, изјави Мурињо.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Во моментот кога Баерн го договори трансферот на Санчез, менаџер на „црвените ѓаволи“ беше Луј ван Гал.
„Младите играчи треба да играат во клубови каде што ќе можат да се развиваат. Полесно е кога нема голем притисок.Тимот кој е на средина од табелата некогаш победува, а некогаш губи. Тоа го нема во големите клубови. Ренато Санчез кој е европски шампион, не игра во Баерн. Последен пат кога играше Баерн изгуби од Хофенхајм. Мислам дека требаше да избере друг клуб или да остане во Бенфика“, заклучи „Специјалниот“.