Манчестер Јунајтед е сериозно заинетерсиран за младата ѕвезда на Јувентус, Пауло Дибала, а англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо веќе работи на трансферот.
Аргентинецот блеска во дресот на „старата дама“ и за него интерес покажуваат бројни европски гиганти меѓу кои Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна Дибала призна дека не може да вети дека долго време ќе остане во Јувентус, а таа негова изјава само ги засили шпекулациите.
„Не можам да ветам дека ќе останам во Јувентус засекогаш. Не зависи се од мене, но не сакам да кажам ни дека ова е мојата последна сезона овде. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Дибала.
Англиските медиуми тврдат дека Мурињо има адут со кој може да ја победи конкуренцијата, а тоа е Пол Погба кој е добар пријател со Аргентинецот. Наводно Погба веќе подолго време го убедува Дибала да му се придружи на „Олд Трафорд“.
Притоа, Мурињо веќе спремил понуда од 175 милиони евра за 24-годишниот напаѓач и следното лето ќе направи се за да го доведе во својот тим.