Дома Фудбал Италија Мурињо си ги препиша заслугите за добрити игри на Дибала

Мурињо си ги препиша заслугите за добрити игри на Дибала

Пауло Дибала минатото лето беше слободен агент и на крајот избра кариерата да ја продолжи во Рома.

Аргентинецот игра фантастична сезона, тој е вистински лидер на Рома, а синоќа помогна тимот да се пласира во полуфиналето од Лига Европа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мурињо смета дека Дибала игра добро бидејќи нашол радост на теренот и тренер кој го разбира.

„Дибала е одлично момче. Тој има квалитети да игра за најголемите клубови во светот, но ја најде радоста да игра тука. Му дадов апсолутна слобода во играта“.

„Моето чувство е дека тој сакаше повторно да ја најде радоста од играта на теренот која се чинеше дека му побегна. И мислам дека ги пронајде тука во Рома. Тој најде тренер кој го разбира, публика која го сака и простор на теренот да биде лидер со своите квалитети“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јунајтед му нуди трампа на Милан, го сака Мењан

Манчестер Јунајтед по секоја цена бара сега друга опција за голманската позиција и најнова…