Дома Фудбал Останато Мурињо призна: Сакам да бидам селектор!

Мурињо призна: Сакам да бидам селектор!

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо подготвен е за нов предизвик во кариерата и призна дека сака да биде селектор на некоја национална селекција.

„Специјалниот“ истакна дека би сакал да води една репрезентација на големо натпреварување како Европско или Светско првенство.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Сакам да учествувам во нови натпреварувања. Мислам на Светски и на Европски првенства. Долго време имам желба да доживеам таква авантура. Токму сега се гледам во национален тим. Не сакам работа во клуб, сега поголем предизвик ми се репрезентациите“, изјави Мурињо.

Мурињо се уште е без тренерски ангажман после отказот од Манчестер Јунајтед во декември месец минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…