Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ се враќа на теренот до крајот на годината, тоа го потврди и неговиот менаџер Жозе Мурињо.
Ибрахимовиќ во април го повреди предниот вкрстен лигамент на коленото и ја доведе својата кариера во прашање, но Швеѓанецот успеа да се избори со тешката повреда, веќе го продолжи договорот со Јунајтед и сега со нетрпение чека да се врати на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Златан е лав, вистински борец. Одлично се опоравува, тој ќе се врати на терените до крајот на оваа година. Тоа се одлични вести за нас“, изјави за „Скај Спорт“.
Ибра минатата сезона со 28 погодоци беше прв стрелец на Јунајтед. Во текот на својата блескава кариера тој го носеше дресот на Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и ПСЖ. Единствениот трофеј кој му недостасува е оној во Лигата на шампионите.