Дома Трансфер зона Мурињо пазари од „Камп Ноу“!

Мурињо пазари од „Камп Ноу“!

Преодниот рок за Манчестер Јунајтед сеуште не е завршен и клубот од „Олд Трафорд“ наскоро би можел да донесе засилување од Шпанија – поточно од Барселона.

Добрите игри и поливалентноста на Сержи Роберто го ставија во фокусот на европските гиганти. Шпанските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед олдучил да превземе конкрентни чекори за да го донесе Шпанецот на „Олд Трафорд“.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Како што пренесува „Мундо Депортиво“ клубот од Манчестер испратил понуда од 40 милиони евра, но весникот тврди дека Барса ќе ја одбие понудата. Имено, каталонскиот клуб го сврстил Сержи Роберто меѓу „недопирливите“ фудбалери.

Сепак, постои можност Роберто ова лето да го напушти „Камп Ноу“, бидејќи Барселона на неговата позиција го донесе Нелсон Семедо, а во средниот ред на Каталонците веќе е голема „гужва“.

Весникот тврди дека Мурињо нема да се откаже од намерата и во следните денови ќе испрати нова, подобрена понуда за играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона се вклучи во трката за Џонатан Дејвид

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето,…