Дома Фудбал Англија Мурињо одлучил: За предводниците на побуната нема да има место во дербито!

Мурињо одлучил: За предводниците на побуната нема да има место во дербито!

Португалецот е јасен кога во прашање се односите во соблекувалната.

Натпреварот против Валенсија за Мурињо беше само уште еден доказ дека за играчите кои ја предводат побуната во соблекувалната не треба да има место на теренот. Така во најголемиот натпревар во англискиот фудбал, Жозе на теренот ќе испрати само играчи на кои им верува.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На Островот се убедени дека освен повредените Далот и Дармијан, додека Смолинг е под знак прашалник, натпреварот против Ливерпул ќе го пропуштат Погба, капитенот против Валенсија, како и Лукаку кој исто така покажуваше незадоволство.

Иако има проблеми на бековските линии, Мурињо ќе се обиде со Јанг и Рохо (повреден е и Шо), стопери ќе бидат Баји и Смолинг (ако заигра) во средината ќе бидат Матиќ, Ерера и ветеранот Мата, а по страничните позиции Марсијал и Лингард и во нападот Рашфорд.

Кога во прашање е Фелаини тој би требало да биде „џокер“ од клупата иако се очекуваше да започне пред Мата.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул се игра утре со почеток од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра…