Дома Топ вести Мурињо му телефинирал на Перез – го бара Лука Јовиќ

Мурињо му телефинирал на Перез – го бара Лука Јовиќ

Жозе Мурињо остана без Хари Кејн, кој ќе отсуствува четири месеци од терените, па е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе може да го замени Англичанецот.

„Специјалниот“ нема голем буџет за зимски трансфери, па ќе се обиде да донесе напаѓач на позајмица, а последната идеја на Мурињо е играчот на Реал Мадрид.

Еминентниот шпански новинар Адријан Кармона ексклузивно пренесува дека Мурињо го контактирал претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез за да го побара српскиот напаѓач Лука Јовиќ.

Јовиќ не добива голема минутажа оваа сезона, па Мурињо се обидал да го донесе на позајмица во Тотенхем, но Реал експресно ја одбил понудата бидејќи не сака да се откаже од напаѓачот кого пред шест месеци го плати 60 милиони евра.

Сега Мурињо ќе се насочи кон Криштоф Пјонтек, но за неговата слобода Милан бара најмалку 30 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо станува играчот кој најбрзо одиграл 1000 натпревари!

Кристиано Роналдо во уште еден сегмент ќе се запише во историјата. Португалецот во дресот …