Манчестер Јунајтед доживеа тежок удар откако беше елиминиран во осминафиналето од ЛШ од шпанска Севиља.
Критиките кон работата на менаџерот Жозе Мурињо се се’ поголеми. Огромни средства беа потрошени на засилувања, а португалскиот стручњак сеуште верува во своите методи на работа.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Смета дека луѓето кои имаат барем малку памет ќе ја сфатат ситуацијата во која се наоѓа Јунајтед.
„Оние кои имаа барем малку памет гледа дека овој тим е во процес на трансзиција. Ги разбирам фрустрациите, тагата, но повеќе од тоа не можам да разберам. Во фудбалската историја најголемите клубови минале низ процес на транзиција и тоа се фази низ кои мора да поминете.“ – изјави Мурињо и додаде:
„Само еден тим во Премиер лигата е пред нас. Тој клуб со години се спрема да биде прв. Па така, еден клуб е пред нас, а 18 зад нас. Нормално дека во иднина сакаме да видиме 19 клубови зад нас, но ова моментално е реалност.“