Дома Фудбал Останато Мурињо го избра најсмешниот клуб кој го тренирал: Ме избркаа два дена пред финале, а собата за трофеи им е празна

Мурињо го избра најсмешниот клуб кој го тренирал: Ме избркаа два дена пред финале, а собата за трофеи им е празна

Во 2021 година управата на Тотенхем го отпушти Жозе Мурињо, „петлите“ се разделија од Мурињо по една ипол година соработка поради лошите резултати.

Тимот тогаш беше на седмото место и управата на клубот тоа го оцени како неуспе. Смената на Мурињо дојде неочекувано бидејќи Тотенхем го чекаше финалето на англискиот Лига Куп против Манчестер Сити.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега во гостувањето во еден подкаст Мурињо го избра Тотенхем како најсмешниот тим кој го тренирал.

„Најсмешниот клуб во мојата кариера? Клубот кој има празна соба трофеи, а ме отпуштија на два дена пред финалето. Тотенхем не освоил ништо. Пред 50 години освоиле нешто:

Во ред, на тоа и онака не се сеќавам. Ме избракаа два дена пред финалето. Сега сум во Рома. Поинаков профил на клуб и поинакви амбиции навистина уживам, ми се допаѓа тука“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …