Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо го бараше детето после натпреварот: Интелигентно момче, таков бев и јас…

Мурињо го бараше детето после натпреварот: Интелигентно момче, таков бев и јас…

Тотенхем во фантастичен натпревар го победи Олимпијакос со 4:2.

Клучна улога во првиот гол на Тотенхем во првото полувреме беше детето кое ги собираше топките. Брзо ја додаде топката, а акцијата заврши со погодок за 1:2.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На крајот се испостави дека овој гол беше клучен во пресвртот, а Жозе Мурињо после натпреварот зборуваше за детето.

„Ми се допаѓаат интелигентните дечиња кои се задолжени за топките, таков бев и јас. Бев брилијантен во тоа и ова момче исто така. Добро ја разбира играта и направи важна асистенција. Не беше тука само да го гледа натпреварот.“ – изјави Мурињо и додаде:

„Се обидов да го пронајдам и да го поканам во соблекувалната да ја прослави победата заедно со нас, но тој избега“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ал-Хелаифи: Мораме да останеме скромни, овој пораз е добар за нас

Челси го освои Светско клупско првенство откако во финалето на стадионот на Џајантс во Њу …