Дома Фудбал Англија Мурињо ги разочара „ѓаволите“: Нема да ја завршам кариерата во Манчестер

Мурињо ги разочара „ѓаволите“: Нема да ја завршам кариерата во Манчестер

Манаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, најави дека ќе нема да ја прифати понудата за продолжување на договорот.

Управата на Јунајтед е спремна да го продолжи договорот со Португалецот и за тоа му нуди договор на пет години, според кој Португалецот би заработил 65 милиони фунти, односно би добивал 250.000 неделно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не верувам…Не сум сигурен дека ќе ја завршам кариерата во Манчестер Јунајтед. Пред некој ден мојот син кој живее во Лондон отпатува во Париз, а не во Манчестер за да гледа фудбалски натпревар. Едноставно во овој момент во Париз се гради нешто посебно. Магија, квалитет, младост… Тоа е нешто фантастично“, изјави Мурињо.

„Не потпишувам нов петгодишен договор, но не одам ниту во ПСЖ. Имам договор и тоа е тоа. Единствено што можам да кажам е дека нема да ја завршам кариерата во Манчестер Јунајтед. И да ве прашам вас, како е можно во модерниот фудбал еден тренер да остане во еден клуб 15 или 20 години?“, зборуваше Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…