Дома Трансфер зона Мурињо во Јунајтед го носи својот миленик од Челзи

Мурињо во Јунајтед го носи својот миленик од Челзи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо неодамна се пожали на новинарите дека „благодарение“ на условите на денешниот пазар принуден е наместо две посакувани играчи да добие само еден.

Денеска ситуацијата е таква што ниту гигантите како Јунајтед, Реал или Барселона не можат со сигурност да кажат дека ќе доведат некои играчи, бидејќи и „малите“ клубови имаат пари. Мурињо изјави дека е свесен за состојбата на пазарот и дека поради тоа мора да прифати дека клубот не може да му ја исполни секоја желба.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сепак, Јунајтед одлучи да му исполни уште едно барање на својот менаџер и да го доведе играчот од неговиот поранешен клуб.

Харизматичниот Португалец е голем фан на Немања Матиќ, кој своевремено го доведе од Бенфика во Челзи. Како што јавуваат медиумите на Островот, Мурињо и српскиот репрезентативец повторно ќе соработуваат, а доказ за тоа, како што е наведено, е фотографијата на Матиќ од тренинг кампот на „Сините“. Имено, играчот за врска останал во кампот и не си замина со остатокот од екипата на азиската турнеја.

Наводно и сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ се согласил за трансферот на Матиќ чија вредност би можела да ја достигне бројката од 50 милиони евра.

Доколку Матиќ заврши на „Олд Трафорд“, Јунајтед ќе биде еден од главните фаворити за титулата шампион на Премиер лигата, ако веќе не е.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Британците тврдат: Халанд сака да замине – го известил и Манчестер Сити?!

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд најавил заминување од Манчестер…