Mурињо на една од најкритичните позиции би можел да доведе засилување веќе оваа зима.
Жозе Мурињо полека ги склопува коцките на „Олд Трафорд“, а покрај крилните позиции Мурињо има проблем и со позицијата лев бек.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во овој момент како најдобро решение се наметнува Ешли Јанг кој по природа не е лев бек, но покажа дека одлично се снаоѓа на таа позиција.
Сепак, поради неговата склоност кон повредите, но и годините Мурињо мора да пронајде уште еден квалитетен лев бек бидејќи е јасно дека Лук Шо не е опција, Блинд исто така не се покажа, а Рохо докажа дека подобро се снаоѓа на позицијата централен дефанзивец.
Не е тајна дека голема желба на Португалецот е Дени Роуз од Тотенхем, а сега се појави информација дека Јунајтед веќе во јануари би можел да го ангажира англискиот фудбалер.
Имено, Покетино во својот тим не сака фудбалери кои не се во целост посветени на клибот, еден од нив е Роуз кој од минатата сезона има проблеми со Аргентинецот.
Бен Дејвис во овој момент добива предност во првиот тим, дури и Орие добиваше прилика на позицијата лев бек и се е појасно дека Роуз е пред заминување.
Медиумите во Англија сега пренесуваа дека Тотенхем е спремен да се откаже од услугите на Роуз и дека би прифатил понуда од околу 50 милиони евра.
Останува да видиме дали Јунајтед е спремен да издвои толкава сума за овој фудбалер, но нема сомневање дека Роуз би бил големо засилување за тимот на Мурињо.