Дома Македонски спорт Мак фудбал Муарем Муарем става крај на играчката кариера и веднаш започнува тренерска во Гостивар

Муарем Муарем става крај на играчката кариера и веднаш започнува тренерска во Гостивар

Македонскиот фудбалер Муарем Муарем става крај на фудбалската кариера како капитен на Гостивар, но според најавите ќе остане во овој клуб и ќе стартува со тренерски предизвик.

Муарем Муарем со Гостивар како капитен се избори овој тим да се пласира во Првата лига по што одлучи да каже „збогум“ на професионалното играње фудбал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во кариерата покрај Гостивар тој играше уште за Брегалница, Шкупи, Работнички, Тетекс, Фљамуртари, Актобе, Карабах, Ескишехирспор и Ордуспор.

Со тимот на Карабах успешно играше на европска сцена, а забележа и неколку настапи за македонската фудбалска репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…