Јувентус се намачи за победа против Џенова на својот стадион во десеттото коло од Серија А. Натпреварот заврши со 2:1, а голот за победа го постигна Роналдо во 96-тата минута од пенал.
Роналдо во една од последните акции падна во шеснаесетникот на гостите, а судијата Антонио Гуида без проверка на ВАР покажа на белата точка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Џенова, Тијаго Мота после натпреварот изјави дека бил горд на своите играчи.
„Морам да ги пофалам своите играчи за добар настап против екипа која е помеѓу најсилните, не само во Италија, туку и во светот. Докажавме дека можеме да се надигруваме со нив. Не можевме само да се браниме после црвениот картон, моравме да продолжиме да играме“, изјави Мота.
Гуида претходно го исклучи Касато поради втор жолт картон. Во таа ситуација многумина ќе кажат дека Касато не заслужи да биде исклучен.
Освен тоа сомнителна беше ситуацијатак ога Даниеле Ругани откако доби жолт картон направи уште еден жесток фаул, но не беше исклучен.
„Втор жолт картон за Ругани? Ќе ве оставам вие да пресудите. Ќе кажам само дека судијата на некои малку им угоди. Се враќаме дома знаејќи дека дадовме се од себе“, заврши поранешниот италијански репрезентативец.