Дома Фудбал Лига на шампиони Мората му донесе прва победа на Пирло во ЛШ?

Мората му донесе прва победа на Пирло во ЛШ?

Јувентус рутински со 2:0 славеше на гостувањето кај Динамо Киев. Зенит во последната секунда беше шокиран од Клуб Бриж.

Пирло ја запиша првата победа како тренер на Јувентус во Лигата на шампиони, а херој за „старата дама“ беше Алваро Мората.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Италијанскиот шампион од самиот страт тргна по победата, додека тимот на Луческу беше ориентиран во дефанзива. Јувентус имаше неколку добри шанси преку Киеза и Мората, но не успеа да ја затресе мрежата во првиот дел.

На самиот старт на второто полувреме Киеза имаше одличен продор по левата страна, а во шеснаесетникот најдобро се снајде Мората кој погоди за 1:0. На три минути пред самиот крај Шпанецот ги постави конечните 2:0 после одличниот центаршут на Квадрадо.

Во вториот натпревар кој се играше во овој термин Клуб Бриж забележа голема победа на гости кај Зенит со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нико Вилијамс прави спектакуларен трансфер во Англија!?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го означи Нико Вилијамс како прва мета за 2025 година. …