Шкендија синоќа беше декласирана од италијанскиот гигант Милан со 6:0 во плеј-офот од Лига Европа.
Тренерот на „росонерите“, Винченцо Монтела изјави дека е задоволен од резултатот, но неговиот тим нема да ја потцени Шкендија во реваншот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Среќен сум за мојот тим, зашто одигравме одличен натпревар. Но, мислам дека има сè уште простор за напредок, бидејќи италијанската лига е многу потешка како на тактички, така и на физички план, од денешниот наптревар. Среќен сум за Монтоливо, кој одигра извонреден меч“, изјави Монтела.
„Не очекував да бидеме така добри, очигледно е дека се препозна квалитетот меѓу овие две екипи, и тоа знаевме да го покажеме. Нема да го процениме противникот во реваншот, бидејки тие се добро организиран тим. Голманот на Шкендија за мене е нивниот најдобар играч, имаше неколку добри одбрани, а што се однесува до фановите на Милан од Македонија, бидете на стадион таму, се гледаме во вашата земја“, додаде тренерот на „росонерите“.