Дома Фудбал Останато Монако го реши без проблеми Нант на стартот во Лига 1

Монако го реши без проблеми Нант на стартот во Лига 1

Фудбалерите на Монако со победа стартуваа во новата сезона од Лига 1. Кнежевите како гости во првото коло славеа над Нант со 1:3.

Одличен меч е виден и од обете страни. Нант во првото полувреме беше пококретен, имаше неколку добри шанси, но мрежите по првите 45 минути мируваа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сите погодоци во овој меч паднаа во последните 20 минути од мечот, а Монако на крајот поприлично ја наполни мрежата на домашната екипа.

Серијата голови во 69. минута ја отвори Рони Лопез со 0:1, а Нант потоа го довршија Јоветиќ во 80. и Фалкао во 83. минута, за убедливи 0:3.

Конечните 1:3 ги постави Сала во втората минута од судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како Меси ги убедуваше засилувањата за Барселона: Среде игра му пристапи и праша кога доаѓа

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Паулињо, сподели како започнал да сонува з…