Дома Фудбал Италија Можно ли е Италија да има 5 претставници во Лига на шампиони?

Можно ли е Италија да има 5 претставници во Лига на шампиони?

Од следната сезона Италија ќе има четири учесници во најелитното европско натпрварување. Четирите првопласирани екипи од Серија А директно ќе се пласираат во групната фаза од Лигата на шампиони.

Дали е можно Серија А следната сезона да има 5 учесници во Лигата на шампиони?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во моментов според правилата на УЕФА Шпанија, Англија, Италија и Германија ќе имаат четири тима во ЛШ, плус победниците на Лига Европа и Лигата на шампиони (доколку не обезбедат учество преку првнството).

Меѓутоа, доколку Лацио триумфира во Лига Европа, а во исто време тимот на Инзаги не се пласира во Топ 4 во Серија А, во тој случај Италија ќе има пет преставници во Лигата на шампиони.

Во случај Лацио да ја освои Лига Европа, а Рома да триумфира во Лигата на шампиони, а двата тима да не се пласираат во Топ 4, тогаш четвртопласираниот тим од Серија А ќе го загуби правото за настап во ЛШ. (ќе се пласираат првите три плус Рома и Лацио)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италијанец фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…